Ѓубењето е најважната агротехничка мерка. Таа обезбедува високи и стабилни приноси кај сите култури.Со правилна прихрана растенијата може да го докажат својот генетски потенцијал и да дадат очекувани приноси.
Пазарот се снабдува со ѓубрива од различни производители, со различна намена и различна формулација.
Програмата за ѓубрење најдобро е да се прави во склад со претходно направена анализа на почвата, со одгледуваната култура и очекуваните приноси. За секоја култура се прави поединечна програма за ѓубрење .
Азот – многу важен елемент
Азотот е еден од најважните макроелемнети во исхраната на сите култури и е најзастапен и во минералните и во органските ѓубрива. Во индустриското производство го има во повеќе облици:амиден, амонијачен и нитрататен облик. За растенијата најпристапен е кога е во нитратен облик.
Кај житните култури искористувањето на азотот почнува уште во фазата на вкоренување, а завршува во фазата на формирање клас и зрна.
Есенските посеви после периодот на мирување, кога започнуваат физиолошките процеси на растенијата им е потребна дополнителна количина на храна (азот). Пролетната прихрана со со азотни ѓубрива е обавезна и редовна мерка. Растенијата се исцрпени од зимата и им е потребна одредена колилчина на храна за раздвижување на вегетацијата во пролет и идниот раст и развој.
Прва прихрана
Со првата прихрана не треба да се брза бидејќи додека растенијата се наоѓаат во фаза на мирување не се во можност да ги прифатат аплицираните количини на ѓубриво. Првата прихрана најдобро е да се изврши земјата околу кореновиот систем е загреана над 5° С и се задржала 5-6 дена.
Пченицата најмногу потреба од азот има во фазата на братење. Тогаш се формираат сите идни органи на растението. Затоа е многу важно присуството на ѓубриво во тој период. Во наши услови тоа перид на крајот на февруари и почетокот на март.
Многу е важен изборот на ѓубриво за правата прихрана. Ништи нема да се постигне ако во првата прихрана внесуваме храна која во дадениот момент не е пристапна, ратението не е во можност да ја искористи.
КАН
Првата пролетна прихрана најдобро е да се изврши со КАН. Азотот во ова минерално ѓубриво се наоѓа половина во нитратен облик, а половина во амонијачен. На овој начин има побрзо и продолжено дејство така што ги задоволува потребите на растението за одреден период. За прва прихрана се применува во количина од 200-250-кг/ха
УРЕА
УРЕА е високо концентрирано азотно ѓубриво во кој азото се наоѓа во амиден обик. Има продолжено дејство и не се препорачува во првата прихрана бидејќи ја зголемува киселоста на почвата, а растенијата азотот во овој облик потешко го искористуваат. За нејзина примена потребна е повисока температура за да може растенијата подобро да ја искористат.
Втора прихрана
Со втората прихарна во почввата се внесува остатокот од предвидената количина азот, еден месец после првата прихрана т.е во фазата на вретенисување. Количината на ѓубриво во втората прихрана зависи од состојбата и видот на културата. Таа се движи од 200кг/ха КАН 27%N, AN 33% N или УРЕА 46%N.
Фолијарно ѓубрење
Многу значајна и квалитетна мерка е фолијарното ѓубрење, особено на микроелементите како што се: бакар, бор,, молибден, манган и цинк. Кога се во прашање примарните елементи односно макроелементи азот, фосфор и калиум кои бараат поголема количина на активни материи по површина, не може да се надоместат со фолијарната прихрана, но може да се надоместат секундарни макроелементи калциум, магнезиум и сулфур. Според ова фолијарната прихрана може да обезбеди оптимална исхрана на секундарните елементи (Ca, Mg, S) и микроелементите(Cu,B,Mo,Zn).
Извор: Агросавјет