ИПАРД Програма – финансиски можности за земјоделците

ИПАРД Програма – финансиски можности за земјоделците

Приближно 39 милиони евра тежи финансиската поддршка за примарното земјоделско производство од  ИПАРД праограмата за програмски период  2021-2027. Во очекување на повиците од оваа програма запознајте се навремено за кои инвестициии може да побарате поддршка.

За периодот 2021-2027 година  е предвидена финансиска поддршка за земјоделските производители од 38.866.677 евра или поточно вкупна вредноста на инвестициите со приватното учество да биде 64.777.778 евра.

Ови средства се наменети за инвестиции во растителното производство, сточарското производство и производството на риби.

Средствата  од ИПАРД програмата се наменети за:

  • ​​Зголемување на  ефикасноста, конкурентноста и одржливо земјоделско производство
  • Поддршка на економскиот, социјалниот и територијалниот развој;
  • Подобрување на квалитетот на производите и произодство на безбедна храна
  • Одржливо упавување со водата, воздухот и почвата, заштита на животната средина и благосостојба на животните
  • Ублажување на негативните влијание предизвикани од климатските промени, како и искористување на енергија од обновливи извори

Кој може да биде корисник?

Корисници на овие средства може да бидат земјоделските стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) како:

  • Семени земјоделски стопанства – физички лица
  • Задруги и
  • Приватни претпријатија – правни лица

Приоритетни сектори во кои може да се инвестира

  • Говеда ( за производство на млеко и гоење),
  • Свињи (за репродукција и за гоење)
  • Овци и Кози ( за производство на млеко и гоење)
  • Живина (несилки и бројлери)

3.Производство на риби

  • Фарми за аквакултура за одгледување на слатководни риби.

4.Преработка на фарма и директен маркетинг на производи од сопствено производство

  • Млеко и производи од млеко
  • Јајца, месо и производи од месо
  • Овошје и зеленчук вклучувајќи и компир
  • Производи од житарки, мелнички прозводи и скроб
  • Растителни и животински масла и масти
  •  Шира, сок од грозје, вино, други ферментирани пијалоци, алкохолни пијалоци и оцет
  • Риба и производи од риба
  • Производство на сточна храна

5.Производство на енергија од обновливи извори за сопствени потреби

  • преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса за производство на биогас и/или биогорива,
  • употреба на сончева енергија,
  • ветерници,
  • геотермална енергија итн.

Минимални критериуми кои треба да ги исполнуваат апликантите

1.Растително производство

  • Минимум 0,02 ха површина за безпочвено одгледување на растенија или друг иновативен систем на производство
  • Минимум 0,3ха за инвестиции кај пластеници и стакленици
  • Минимум 1 ха кај останатите култури во растителното производство на отворено

2.Сточарско производство

  • 10 условни грла за инвестиции кај фармите за говеда, овци, кози и живина и
  • 8 условни грла за инвестиции кај свињарските фарми

Финансирање

Финансиската поддршка е 60% од вкупната вредност на инвестицијата и се зголемува на 65% доколку реализацијата на инвестицијата е во ридскопланински подрачја над 700м надморска видсина и 70% за инвестиции предложени од млади фармери  18-40 годишна воздраст или инвестиции со органско производство.

  • Максмалната финансиска поддршка за поединечен корисник во еден проект е 750 000 евра или 1.500.000 евра за целокупниот перид 2021-2027.
  • Минимална вредност на проект по корисник е 10.000 евра.

Прифатливи инвестиции

  • Изградба на објекти за земјоделска намена
  • Нова механизација, машини и опрема
  • Набавка на повеќегодишни насади

Важно: Земјоделските стопанства кои користеле средства од ИПАРД програмите во предходниот период за набавка на трактор, не можат повторно да користат средства за таа намена. Ова не важи за задругите.

За повеќе инфо на kontakt@sovetodavna.mk