Обезбедување храна е еден од најважните услови за одгледување домашни животни. Основна храна за е волуминозната, а се користат и крмни смеси со различен состав кој ќе ги задоволи потребите на животните.
Овцата е домашно животно кое не бара посебни услови на одгледување, т.е. може да се храни со волуминозна храна и мала количина на крмива и може да се држи во отворени објекти со повеќе или помалку поволни услови, а како резултат од одгледувањето ги добиваме производите – млеко, месо и волна.

За одгледување на големи стада на домашни животни – овци потребно е да бидат обезбедени повеќе услови за чување и држење на овој вид на добиток. Еден од нив е квалитетна храна и исхрана. Исто така потребна е и нега со што ќе биде задоволена нивната благосостојба. На тој начин ќе се постигнат поголеми позитивни резултати во производството.
Од што зависи количината на исхраната кај домашните животни – овци
Пред да преминеме на исхраната потребно е да знаеме што ја одредува количината и начинот на исхрана на домашните животни
- Категоријата на овци: Овни, Овци, Шилежиња, Јагниња
- Тип на производство: Производство на млеко, Производство на месо, Расподен помладок, Товни јагниња
- Период на производство: пресушени овци, овци пред припуст, рана гравидност, касна гравидност, лактација
- Оптеретеност: Со едно јагне , со две јагниња
- Карактеристики на расата: моноестрични, полиестрични
- Начин на примање на храната: Див скок, харемска дажба и давање од рака
- Период на хранидба: Летен период и зимски период.
Сите овие фактори и други останати влијаат на тоа да не може да се даде унифицирано решение за исхрана на овците туку за секое стадо треба да се направи план и начин на производство на храна.
Основна храна за овците е волуминозната, а се користи и мал процент на концентрирани крмива односно крмни смески.

Од волуминиозните крмива се користат зелените крмива, СЕНО , пченкарна силажа, и сенажа, а додека од концентрираните крмива се користи пченка во зрно , јачмен, зоб, тритикале, соина сачма, сончогледова сачма, сачма од маслена репа, сточно брашно и други останати крмива.
Волуминозната храна се произведува на ливадите и пасиштата, но секако може да се произведе и на ораниците. Количината на производството зависи од површината која ја поседува земјоделското стопанство, големината на стадото интезитетот на призводство итн.
СЦЗРР