МЗШВ објави 4 јавни повици за давање под закуп државно земјиште до 3 хектари

МЗШВ објави 4 јавни повици за давање под закуп државно земјиште до 3 хектари

Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство објави 4 ЈАВНИ ПОВИЦИ за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.

Право на учество на јавните повици имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Земјоделското земјиште во државна сопственост  кое се дава во закуп е со намена за:

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години,

-подигање на долгогдишни насади  со лешник за период до 70 години,

-подигање на маслинарници за период до 50 години,

-одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,

-ливади за период до 15 години,

-за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години и

-рибници до 20 години

За критериумите и условите на јавните повици прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.

Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола им стои на располагање на сите заинтересирани лица околу подготовката на апликацијата. За информации јавете се на тел: 072/251 263 или преку контакт формата kontakt@sovetodavna.mk

Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.