ОБЈАВЕН КОНКУРС ОД ФИТР ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВООСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА СТАРТ АП И СПИН ОФ

ОБЈАВЕН КОНКУРС ОД ФИТР ЗА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВООСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА СТАРТ АП И СПИН ОФ

Фондот за иновации и технолошки развој на ден  06.03.2024  година, објавува Јавен конкурс за поднесување на предлог – проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“ по редовна постапка.

Целта на овој конкурс е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.

Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.

Финансиската поддршка е од 85-90% односно 40 000 до 60 000 евра во зависност од староста на претпијатието.

Вкупниот буџет на јавниот конкурс е 2.000.000,00 (два милиони) евра, а додека краен рок за поднесување на апликациите е 15.04.2024.

За повеќе информации околу јавниот конкурс можете да најдете на следниот ЛИНК

Советодавен центар за земјоделство и рурален развој е тука за целокупна поддршка и подготовка на проектната документација.