Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој денес објави повик од ИПАРД 2 програмскиот период 2014-2020 за мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Во овој повик не се прифатливи инвестиции во градежни работи, односно реконструкција, адаптација, доградба, надградба или изградба на објекти.
Прифатливи инвестиции на овој повик се опрема за пеработка и доработка на земјоделски и рибни производи и опрема за производство на енергија од обновливи извори за сопствено производство.
Финансиската поддршка изнесува 50% од вкупно прифатливите трошоци за реализација на инвестицијата.
Вкупната финансиска поддршка за овој повик изнесува 8.818.188 евра.
Краен рок за поднесување на барањата со комплетната документација е до 18.09.2023 година.
За подетални информации контактирајте прочитајте ТУКА.
Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите потенцијални корисници за подготовка на целокупната документација. Контакт на 072/251-263 или на kontakt@sovetodavna.mk