Објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерка 1 и 7

Објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерка 1 и 7

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес на 01 септември 2023 година објавувa ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следните мерки:

  1. Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства

7. Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:


60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.

Процентот се зголемува до 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и

70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 октомври 2023 година. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства“ изнесува 18.893.333,33 евра или 1.171.764.533,33 денари, додека за мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 11.400.000,00 евра односно 707.028.000,00 денари.


Напомена: договорите за финансиска поддршка за овој јавен повик ќе бидат склучени по потпишување на финансиската спогодба помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија за имплементација на ИПАРД Програмата 2021-2027.

Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите физички и правни лица за подготовка на апликациите од страна на стручен и докажан тим на консултанти. За повеќе информации преку контакт формата на kontakt@sovetodavna.mk, тел.072/251-263; 078/518-829 или директно во канцеларијата на ул.Панда Чеснова Бр.6 Битола.