Сирењето е прехранбен производ кој што се добива со коагулација белковините во млекото и сурутката. Не се занаат точно почетоците на производство на сирење . Се знае дека за време на Римската империја процесот на производство на сирење бил распространет низ цела Европа.
Сирењето е омилен производ кој се наоѓа во секоја кујна. Во денешно време постојат многу видови сирења, со разни вкусови и додатоци. Производството на сирење е занает кој често се доближува и до границата на уметноста. Станува збор за процес на кој треба да се пристапи сериозно за да се добие квалитетно сирење. Овој напис го посветуваме на „Овчко сирење“.
Основни состојки и прибор за производство на овчо сирење во домашни услови
За добивање на квалитетно овчко исрење потребно е квалитетно овчко млеко, прибор со сите садови и помагала како и мајстор кој ја знае целата постапка на производство на млеко. Со почитување на сите фази во процесот на производство како и сите безбедносно хигиенски услови, сирење може да се произвде и во домашни услови.
За производство на овчко сирење во домашни услови е потребно:
Состојки за производство на овчко сирење
- Свежо овчо млеко
При изборот на млекото за производство на сирењето треба тоа да потекнува од здрави овци, да има добри органолептички физички и хемиски својства, да не е загадено со колиформни бактерии и да не содржи антибиотици или други лекови.
- Сирило во прашок, течно или во таблети
За потсирување односно коагулација на млекото се користи најчесто сирило (маја) кое во себе го содржи ензимот хемозин (ренин, лабфермент).
- Сол за домашна употреба
Солта се додава заради подобрување на органолептичките својства (вкус, мирис и коезистенција) и успорување на растот на непожелните бактерии во сирењето.
Прибор за производство на овчко сирење
- Сад за потсирување
За производството на сирење потребно е да имаме одреден кујнски прибор. Целиот прибор кој доаѓа до контакт со млекото треба да биде изработен од нерѓосувачки челик, стакло или емајлиран челик. Бидејќи при пороцесот на производство на сирењето доаѓа до закиселување на млекото не се препорачува употреба на прибот од алуминиум и железо.За потсирувањето се користи сад за потсирување (лонец) кој е од нерѓосувачки челик и е со соодветен капак
- Нож со долго сечило
Ножот треба да биде изработен од нерѓосувачки челик и служи за расекување на грушот. Пожелно е да се користи нож со пластична или челична рачка кој може лесно да се стерилизира.
- Голема лажица
Лажицата служи за мешање на млекото во текот на производството на сирење т.е за додавање на сирилото се до потсирувањето т.е коагулацијата.
- Калап за цедење и пресување
Постојат најразлични начини за пресување на сирењето во домашни услови. За сите методи потребен е калапот за пресување. Калапот служи за обликување и цедење на сурутката од грушот под притисок. Калапот треба да е од матријал кој не реагира на киселини да е цврст и да може да издржи притисок од 5 до 10кг и исто така да едоволно порозен да може да се исцеди сурутката. Најдобро е да се користат калапи од пластика или нерѓосувачки челик.
- Сиренарско платно (крпа, газа)
Сиренарското платно служи за процедување на млекото т.е. механичко отстранување на бактериите од млекото при производството на сирење. Сепак добро е да се напомене дека процедувањето на млекото не преставува замена за пастеризацијата.
- Преса
Иако во индустријата постојат различни начини на пресување како што се преси кои се хидраулични и пневматски, во домашни услови користиме преса со подметнувач и тег. Подметнувачот треба да биде изработен од пластичен матријал и да биде помал од калапот за да може притисокот да биде соодветен.
- Термометар
Термометар треба да се користи со скала од 0 до 100°С за контрола на температурата при различните постапки.
- Часовник со тајмер (мобилен)
Часовникот се користи за мерење на времето во зависност од која фаза од подготовката на сирењето ја правиме.
СЦЗРР