Одржување на земјоделска механизација

Одржување на земјоделска механизација

Одржувањето на земјоделската механизација е од големо значење. Доколку земјоделецот сака земјоделската машина подолго  и успешно да му служи, потребно е да посвети внимание во нејзиното одржување.

Одржувањето на земјоделската механизација е активност на која треба да се обрне внимание по завршувањето на сите работи по полето. Тракторите и останатата земјоделска опрема кои нема да се користат во наредниот период треба да се сервисираат. Доколку се забележат одредени неправилности и штети треба да се отстранат за да може земјоделската механизација подготвена да ја дочека следната сезона. Ова е најдобро да се направи по завршување на есенската сеидба кога голем дел од опремата ќе биде надвор од употреба. Еве неколку совети за зимско одржување кај тракторите како едни од најупотребуваните  земјоделски машини.

Палење

Свеќиците, разводните кабли и кондензатори се најважни кај палењето на тракторот. Проверете ги во каква состојба се и доколку е потребно сменете ги со други, сеедно дали се нови или половни. Потребно е да се исправни.

Системот за довод на гориво

Проверете го карбураторот. Согласно параметрите од производителот после одреден број на  работни  сати променете го филтерот за гориво, пумпата, филтерот за издувни гасови како и филтерот за вода. Доколку ги правите редовно овие сервиси, бидете сигурни дека тракторот долго ќе ве служи.

Доколку не сте сигурни или не знаете како најдоберо е сервисирањето да го оставите на стручни лица, најдобро од сервисот на добавувачот од каде што сте го набавиле тракторот.

Контрола и чистење на доводот на воздух

Сеедно дали вашиот трактор користи бензин или нафта потребно е да се провери доводот на воздух. Доводот на воздух мора да биде чист за да може моторот да функционира беспрекорно. Исчистете ги филтрите или заманете ги доколку со нив се поминати повеќе работни сати од предвиденото.

Проверка на хидрауличниот систем

Поновите модели на трактори имаат хидрауличен систем кој треба редовно да се проверува. Потребно е еднаш до два пати се промени маслото во системот. Проверката и дотурањето на масло во системот се прави пред да се стартува моторот. Во спротивно може да настанат сериозни дефеци кои може да ве изложат на дополнителни трошоци.

Проверка на системот за ладење

Системот за ладење е од особено значење во намалувањето на вишокот топлина што се создава за време на работењето на моторот.Потребно е да има непречен проток на воздух до моторот. Исчистете ја решетката користејќи компресор, рачна пумпа или со вода. Важно е да се провери и ладњакот на моторот како и каишите и нивната затегнатост.

Систем за довод на струја

Проверете го акумулаторот дали има доволно течност, ако е потребно дотурете му. Кога сме кај акумулаторот треба да се проверат и неговите држачи и штрафовите со кои е прицврстен. Потребно е да се проверат светлата како и каблите за довод на струја  до нив.

Гуми и кочници

Покрај претходно наведените совети за гумите и кочниците водете посебна грижа бидејќи од тоа зависи и безбедноста на оној што го управува тракторот како и бебзедноста на околината. Кочниците секогаш треба да се во исправна состојба, а гумите ако имаат некоја исеченица или пукнатина доколку е можно санирајте ја или сменете ја со нова.

СЦЗРР