За да може еден производител на производи од животинско потекло да ги продава мора да обезбеди основни услови за производство и промет на храна. Прочитајте кои документи и што сè ви е потребно за да се регистрирате како оператор со храна – конкретно за мед и други пчелини производи.
Ставањето во во промет на мед и други производи од пчели од страна на примарните производители со мал обем на производство бара исполнување на одредени услови. За да може еден производител да продава од сопственото производство мора да поседува соодветна документација. Производителот треба да биде регистриран оператор со храна.
Потребна документација за регистрација на оператор со храна од животинско потекло
- Барање за регистрација на објект и оператор со храна запримарно производство ипреработка на примарни производиод животинско потекло fva.gov.mk/obrasci ,
- Тековна состојба од Централен регистар на РепубликаСеверна Македонија за правни лица или копија од лична карта за физичкилица,
- Доказ за сопственост (имотен лист) или договор зазакуп на објектот,
- Легитимација за регистарски број на одгледувалиште(РБО),
- Последен попис од одгледувалиште за пчели,
- Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес одобласта на здравствена заштита на животните,
- Потврда за соодветно уплатени административни такси 400 ден на буџетска сметка
Барањето за регистрација се поднесува во соодветната подрачна единица на Агенцијата за храна и ветеринарство во зависност од локацијата на објектот.

Директно снабдување на мед и други производи од пчели
Директно снабдување на крајниот потрошувач опфаќа снабдување: на лице место од фармата или местото на производство, до домот на локален краен потрошувач, до локален малопродажен или угостителски објект, снабдување на друг малопродажен или угостителски објект специјализирани за тој тип на храна, на саеми и изложби.
Услови кои треба да ги исполни примарниот производител
- Ставање во промет за директно снабдување на крајниот корисник се врши од страна на примарни производители одгледувачи на пчели,
- Медот и други производи од пчели потекнуваат од сопственоодгледувалиште/пчеларник,
- Примарните производители подлежат на регистрација од страна на Агенцијата за хранаи ветеринарство,
Напомена: КОЛИЧИНАТА НА МЕД КОЈА МОЖЕ ДА СЕ СТАВИ ВО ПРОМЕТ ЗА ДИРЕКТНО СНАБДУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ПРИМАРЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ ИЗНЕСУВА ДО 1000 КГР. ГОДИШНО
Ставањето во промет на мед и други производи од пчели од страна на операторите со храна од мал обем на производство
Барања кои треба да ги исполни објектот од мал обем на производство. Објектот треба да има најмалку простории за:

- цедење, полнење и пакување на медот,
- складирање на суровини, амбалажа и готови производи,
- гардеробер и санитарен јазол (по исклучок во објекти кои се наоѓаат во ист круг каде штое и приватниот стамбен објект со вработени членови од семејството, гардероба исанитарeн чвор може да се користат од приватниот станбен објект) и
- простор соодветен за чување на средства за чистење и дезинфекција.
Опремата која се користи за цедење, филтрирање и чување на медот треба да е лесна за чистење и дезинфекција и направена од лесно одржлив и нетоксичен материјал, не треба да бидат извор на загадување.
Обезбеден е соодветно поставен уред за миење на раце во просторијата за полнење и пакување на пчелни производи.
Крајниот производ наменет за продажба треба да има своја декларација
Како суровина за работа на објектот, медот и други производи од пчели треба да потекнуваат од сопствено одгледувалиште / пчеларник.
Медот и други производи од пчели добиени во објект од мал обем на производство се стават во промет на целата територија на државата.

Медот и други производи од пчели наменети за снабдување до крајниот потрошувач треба да се соодветно спакувани, означени и складирани.
За директно снабдување медот и производите од пчели треба да бидат пропратени со декларација која ги содржи следните податоци:
- име на операторот со храна – примаренпроизводител на мед
- број на идентификација на примарниотпроизводител
- локација на одгледувалиште/пчеларник
- вид на мед и
- дата на двоење и полнење.
СЦЗРР