Кравите кои имаат потенцијал за производство на шест и повеќе тони млеко во лактациониот период бараат избалансирана исхрана соодветна на производната фаза во репроциклусот.
Потребите од хранливи материи како протеини, минерали, витамини, и сурово влакно треба да се внесуваат избалансирано заради добивање на економично производство на млеко.
Рана лактација
Раната лактација е почетната фаза на производство на млеко и трае 8-10 недели т.е. 60-70 дена. Во оваа фаза производството на млеко брзо се зголемува и го достигнува својот максимум од 4 – 6та недела. Консумацијата на суви материи се зголемува и го достигнува својот максимум од 60-80 ден по телењето. Периодот во кој кравата треба да го постигне максималното дневно производство на млеко е најкритичен. Ова е така затоа што количината на суви материи е далеку од вистинските потреби на енергија и протеини за одржување и производство на млеко. Во овај период кравите имаат негативен биланс на енергија и затоа трошат од своите резерви за производство на млеко.
Задоволувањето на потребите со хранливи материи во оваа фаза од лактација е пресудно за млекодајноста во целата лактација (305 дена). Затоа во оваа фаза треба да се користат кабасти крми со екстра квалитет, кои имаат висока енергетска вредност (сено, силажа идр.) и концентрати богати со скроб чиј степен на разрадување е спор. Ваквите дажби ќе овозможат намалување на метаболитичките пореметувања и на губитоците на телесна маса во почетокот на лактацијата, што е од исклучителна важност за одржувањето на млечноста до крајот на лактацијата.

Во поново време се користат маскирани дажби (мешање на сите крми од дажбата), за да се избегнат непосакуваните појави кои може да се појават од несоодветен однос помеѓу касбастите и концентрираните дажби од оваа производна фаза. Овие дажби имаат повисоки количества на концентрати во исхраната и не предизвикуваат пореметување на метабилитичките процеси кај кравите. Сепак во овие дажби треба да бидат вклучени минерали и витамини за да се избегнат болести пврзани со недостатокот на хранливи материи.
Во оваа фаза на исхраната неопходно е користењето на кабасти крми со висок квалитет, балансирање на дажбите од сите аспекти, постепено зголемување на концентратите во дажбата и внесување на маст во истите. Маст се внесува по 100гр дневно на стартот, а потоа 500гр дневно почнувајќи од петтата недела на лактација. Сепак треба да се води сметка дека застапеноста на маст не треба да биде повисока од 7,5% од консумираните суви материи.
СЦЗРР