Правилно користење на силажата и сенажата при исхрана на говедата

Правилно користење на силажата и сенажата при исхрана на говедата

Силажата и сенажата преставуваат постапки на конзервирање на добиточната храна и користење на истата во подолг временски период задржувајќи ги квалитетните својства на растенијата.

Силжата и сенажата се користат за исхрана на сите категории говеда (освен телиња до 3-месечна воздраст) без разлика на нивната воздраст или физиолошка состојба. Се препорачува 50-70% од целокупната сува материја во дажбата на говедата да потекнува од силажа или сенажа. Односот силажа-сенажа треба да биде 1:1 до 2:1 во корист на силажата. квалитетни силажа и сенажа може да се користи во текот на целата година континуирано, во рамките на технолошкиот оптимум кај молзните крави. Во исхраната на пресушените крави количината на силажа треба да се сведи на 8-10кг.

Силажата со зголемена концентрација на бутерна киселина (над 3-4%) како и мувлосана силажа, се исфрла од исхрана на стелни крави и јуници, бидејќи нејзиното користење може да доведе до абортуси, нарушување во метаболизмот или до диареа кај новородените телиња.

Во текот на летниот период 40-50% од сувата материја од силажата и сенажата може да се замени со зелена маса.

При користење на силажата во исхраната на јуници треба да се води сметка за количината за да не дојде до нивно гоење.

При гоење на јунци користењето на силажа од цело растение од пченка (3-15кг/ден), влажно зрно или клип од пченка (2-5кг/ден) и протеинска смеска (1-1,8кг/ден) ја зголемува економичноста во гоењето.

Од силажа не смее да се обезбедува повеќе од 30% од вкупните потреби на сува материја во дажбата, бидејќи на таков начин се намалува концентрацијата на енергија во дажбата, со што се намалува прирастот.

Користењето на силажа и сенажа во процесот на исхрана и одгледување на говедата обезбедува стабилност на дажбите за подолг временски период, што придонесува за квалитетна исхрана т.е. зголемено, оптимизирано и економично производство на млеко и месо.