Првите роботи за измолзување крави е современaта технологија што почна да се применува на фармите „Пивко“ и „Млекопромет“ во општина Могила.
Станува збор за најнова технологија – роботи за молзење крави кои за прв пат се употребуваат во нашата држава. Примената на ваква современа технологија е од големо значење за равој на млекопроизводството.
Бенефитите од употребата на роботи вќе ги чувствуваат првите сопственици во фармата „Пивко“ на Стевче Пивковски и „Млекопроемт“ на Горан Велјановски од општина Могила. Тоа значи не само подобрување на менаџирањето на фармата туку и зголемување на продуктивноста со поголем квалитет на млеко.
Сопствениците Пивковски и Велјановски , оваа современа технологија ја добија преку проект на УСАИД за развој на деловниот еко систем кој започна во 2017.
Внесувањето на робот во млекопроиводството значи чекор напред во модернизацијата на овој сектор, пример што треба да го следат и другите млекопроизводители.
СЦЗРР