Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави предходна најава за објавување на МЕРКА 3 од ИПАРД (2021-2027) програмата “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Повикот за доставување на барањата ќе биде објавен во вториот квартал на 2024 година.
Целта на оваа програма е да се подобри конкурентноста во земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор преку усогласување на стандардите на ЕУ, заштита на животната средина и социо-економски развој на руралните средини.
Начинот и постапката за користење на овие средства од Мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” се пропишани во уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од Инструментот за предпристапна помош за рурален развој од ЕУ.
Рокот на времетраење на повикот е 45 дена од денот на објавувањето.
Сите заинтересирани кои планираат да користат финансиска поддршка и да изготват квалитетна проектна документација тука се Советодавен центар за земјоделство и рурален развој за целосна поддршка и најквалитетна подготовка.
Kонтакт тел: 072 251 263 или на kontakt@sovetodavna.mk