Ротквица – зеленчук што толерира ниска температура

Ротквица – зеленчук што толерира ниска температура

Ротквицата е растение кое често се користи во исхраната на луѓето. Толерантно е на ниски температури и затоа може да се одгледува на отворено.

Ротквица е едногодишно растение со свои специфики во одгледувањето. Вообичаено се одгледува на отворено, токму поради издржливоста  на ниски температури. Сепак може да се најде и во пластениците. Градинарите оставаат место за ротквици, за кога ќе има берба на останатиот зеленчук да се понуди и ова растение. Било кој начин на одгледување да се одбере ротквицата  има свои барања на кои треба да се обрне внимание.

Ротквица

Почва

За одгледување на ова растение потребна е плодна и растресита почва. Ph  вредноста би требало да се движи меѓу  5-7.

Плодоред

На иста парцела се одгледува  после три години. Се одгледува како преткултура или меѓупосев. Садењето се прави во претходно направени леи во редови на длабочина од 2 см.

Поднесува ниски температури

Ротквицата може да издржи температура и до -6 степени. Семето ‘рти на 2-3 °Ц. За раст и развој му се потребни од 16-18°Ц. Имајќи го ова предвид ротквицата може да се најде во текот на целата година.

Прихрана

Во одгледувањето ротквици не се препорачува употреба на арско ѓубриво. Доколку почвата на која се одлгедува е плодна тогаш при основната обработка на земјата нема потреба од додавање на ѓубриво. Ротквицата има потреба од минерали  во текот на нејзиниот раст. Може да се прихрани со азот и калиум, еднаш до два пати.

Редовно наводнување

Еден од условите за добар принос е влагата. Не треба да се дозволи почвата да се исуши. Потребно е 2-3 пати наводнување. Недоволно влага може да предизвика цутењена растението. За да се спречи ова се препорачува во леите каде е поаседна ротквицата да се стави тресет.

Раскопување на почвата

Доколку земјата фати кора (вообичаено ова може да се случи после наводнување) треба кората да се искрши. Раскопувањето треба да се изврши внимателно за да не се оштети подземниот дел од растението.

Ротквица во снопче

Берба

Периодот на берба е од исклучително значење. Се бере во  период на зреење и не треба ниту порано ниту подоцна бидејќи , во спротивно нема да го добиете посакуваниот квалитет.Од никнувањето па до бербата потребни се од 25 – 30 дена.

СЦЗРР