Советодавно-информативен настан во Општина Новаци

Советодавно-информативен настан во Општина Новаци

Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој продолжува со своите активности во презентацијата на ИПАРД 3 програмата. Втората средба беше организирана со земјоделци од општина Новаци.

Во очекување на новиите повици од ИПАРД 3 програмата, на вториот советодавен настан се даде одовор на прашањата: која е целта на Мерка 1 од ИПАРД 3 програмата, кој може да биде корисник , приоритетни сектори, прифатливи проекти со кои може да се аплицира за оваа мерка.

За оваа мерка може да аплицираат и физички и правни лица и тоа во :

-сектор за растително производство,

-сектор за сточарство,

-сектор за рибарство,

-обработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма,

-производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Како прифатлива инвестиција би биле сите оние што ќе значат развој на земјоделското стопанство од изградба и реконструкција  на објекти па се до набавка на нови машини, опрема, паметни технологии. Исто така прифатливи ќе бидат и инвестиции за подобрување на благосотојба на животни во сточарството, заштита на животна средина и користење на енергија од обновливи извори.

Настанот беше организиран во соработка со фирмите – добавувачи на земјоделска  механизација: Евро – Стил, Хемометал и Агровојводина.

СЦЗРР во насока на информирање и советување на земјоделците продолжува и понатаму со своите активности. Третата средба е резервирана за земјоделците од општина Битола на 22 февруари со почеток од 15 часот во салата на општинскиот Совет.

СЦЗРР