Сукуленти – како ја поднесуваат зимата?

Сукуленти – како ја поднесуваат зимата?

Освен ниските температури, водата е голем непријател на сукулентите во текот на зимата.

Поголем број на сукулентни растенија добро ги поднесуваат ладните зимски денови, а поосетливите најмногу страдаат во комбинација од: ниски температури и влажна земја. Температурата под 0 степени може да предизвика оштетувања кај растението. Водата во клетките на листовите  се смрзнува, а мразот се шири и резултира со пукање на клетките, а ткивото изумира.

Често се случува и слаб мраз да ги изгори врвовите на листовите. Минусните температури може да предизвикаат измрзнување и на корените. На вакви услови најотпорни се чуваркуќата и некои седуми.

Најдобри се превентивните мерки

Уште во текот на есента треба да се престане со  наводнување и со прихрана за растенијата да се подготват за зима. Тие во зима мируваат и не им е потребна вода и прихрана. Најдобра превентивна мерка е да се насадат на место каде нема задржување на прекумерната вода. Премногу ѓубрење  може да доведе до никнување на нови меки листови кои многу брзо може да замрзнат. Тоа негативно се одразува на целото растение. Затоа треба да се комбинира суво и дренирано земјиште и заштита од ветрови и мразеви. На температура од -10 степени  растението може да се покрие со специјално агроплатно, но треба да се внимава да не се допираат листовите.

Како да се опорави оштетеното растение?

На растението на кое се видливи оштетувања со помош на нож треба да се отстранат сите оштетени делови. Треба да се внимава алатот што се користи да биде чист и дезинфициран. Сукулентите посадени во садови можеда се преместат во затворена просторија. Во затворени простории може да биде проблем светлината. Сукулентите имаат потреба од најмалку 4 сати светлина во текот на денот. Имаат потреба од индиректна светлина и што помалку наводнување. Во спротивно се издолжуваат и ја губат формата, објавува Агроклуб.

СЦЗРР