Тревниците претставуваат зелени површини и се неизоставен елемент од парковите, јавни или приватни површини и градини. Нивната намена може да биде различна. Тревниците се неизоставен елемент на парковите и јавните зелени површини. Се користат за одмор, спорт и рекртеација или пак едноставно за украс во некоја градина. Покрај ова одлични се во намалување на ерозијата на почвата и намалување на прашина.
Сеедно која ќе биде неговата улога, за убав тревник потребни се одредени активности кои ќе овозможат да се добие убав тревник. Доколку се посвети доволно внимание,почнувајќи од избор на површина, соодветно семе, а подоцна и соодветна нега за одржување резултатот нема да изопстане.
Кој период е најдобар за подигнување на тревник?
Во зависност од целта и желбата што се сака да се постигне, можете да подигнувате тревник во било кое време освен кога почвата е змарзната. Со соодветно семе и негово правилно сеење може да имате убав тревник.
Избор на семе
Изборот на соодветно семе е можеби најважната работа. Денес на пазарот постојат многу сорти на семиња. Покрај целта што сакаме да се постигне треба да се води сметка за карактерот на почвата, големината на површината и подземните води. Не смеат да се пропуштат климатските услови бидејќи има сорти на семе кои повеќе издржуваат топлина, а други пак ниска температура. Секоја трева си има свои карактеристики така што со мешање на различни сорти семе може да се дојде до посакуван ефект.
Квалитетот на семето е пресудно, на што треба да се обрне внимание при самото купување. Семето треба да е добро складирано и не смее да биде влажно или изртено. Кога ќе го купите искористете го веднаш и не го чувајте за наредната година, бидејќи со текот на времето семето губи од својата ртливост. Важно е да се знае дека треба да се купува означено семе и упатсво за негова примена.
Време за подигнување тревник
Користејќи ги позитивните карактеристики на семињата, подигнување на нов тревник може да се направи во секоја сезона:
-пролет
-лето
-есен
Во било која сезона да се прави сеењето на семето треба да се запазат условите кои ги бара самото семе. Важно е самата операција на сеење да се изврши кога времето е мирно. Да нема ветер бидејќи семето е многу ситно така што и најмал ветер може да го одвее. Поради тоа подоцна тревникот ќе има места каде не никнала трева, за што ќе треба дополнително да се сее на таквите места.
Пролетно сеење
Сеењето на трева во пролет е многу добро поради влагата во почвата што е многу важен услов за правилно поникнување на тервата. Температурата треба да изнесува најмалку 15 степени целзиусови на воздухот, а на земјата 10 степени. Април и мај се најдобри месеци за оваа активност во пролет.
Летно сеење
Иако се мисли дека најлесно е подигнувањето да биде во лето, сепак не е така. Треба да се внимава на временските услови посебно ако е сушно лето. Тогаш треба да се обезбеди дополнително наводнување.
Есенско сеење
Есенското сеење на трева ќе ви овозможи комплетно уживање во тревникот во пролет.Не е потребно дополнително наводнување бидејќи почесто врне. Има доволно влага и може да се сее се додека земјата не е замрзната, а температурата на воздухот да биде над нулата.
Подготовка на терен и сеење на тревник
Пред да се почне со сеење на семето потребно е да се подготви теренот. Површината треба добро да се исчисти од гранки, корења, камења, лисја, плевели и друго непотребно зеленило. Во зависност од големината на површината треба да се постави систем за наводнување и дренажа, за потоа да се израмни земјата. Ако површината е мала пак треба да се внимава на дренажата, да не се задржува вода после дождови или снег. Откако почвата ќе се изора на длабочина од 10-15 см се простапува кон кршење на грутките и рамнење на површината. Добро е рамнењето да се направи со ваљак.
Семето за трева е многу ситно. Поради тоа сеењто треба да се изврши по мирно, суво и ведро време. На 1м2 површина е потребно 25гр квалитетно семе. За да се распореди подеднакво на секаде по површината се препорачува семето да се помеша со ситна песок во размер1:1. Ако површината е многу голема сеењето се одвива дел по дел од површината. Откако ќе се посее семето се покрива со танок слој земја. Ако почвата нема доволно влага треба редовно да се наводнува. Откако ќе никни не се препорачува газење по тревата бидејќи уште е не е доволно цврста и корените не се добро закоренети. Понатамошната нега на тревникот зависи од сезоната кога се подигнува.
Нега на тревник
За да може тревникот да ја има улогата и целта за што е подигнат потребна е редовна нега. Потребната нега зависи од сезоната кога е подигнат тревникот. Еве кои активности треба да се завршат на тревникот во зависност во која сезона е подигнат.
Пролет
– собирање суви лисја и остатоци од претходната сезона
– прихрана со азотно ѓубриво
– неделно наводнување (во зависност од временските прилики)
– постапка на аерација
– косење до висина од 5 до 10 см, во зависност од желбите
– отстранување на плевелите доколку е потребно
– пополнување на дупки со ново семе каде што нема никнато трева
Лето
– чистење на тревата со грибло
– прихрана со азотни ѓубрива
– наводнување двапати неделно
– редовно косење како што расте тревата
– отстранување на плевел
Есен
– собирање на паднати лисја
-постапка на аерација
-ѓубрење со фосфор
-неделно наводнување
– косење за зима 10 см
Аерација
Аерацијата е од особена важност за тревникот. Со оваа постапка се овозможува подобра снабденост на тревата со кислород . За таа цел ви е потребен аератор или друг корисен уред на кој се вградени шилци и со нив се поминува површината на тревникот. Шилците овозможуваат да ја пресечат почвата без да му наштетат на корените на тревата.
При топло и влажно време може да се појават габични и други заболувања кои може да се третираат со фунгицид.
Што треба да се знае?
При подигнување на тревник посветет внимание на следните работи:
1.Пред сеидба земјата треба да се остави во мирување две недели;
2.Во рана пролет тревата никнува за 20 дена, во лето 7-8 дена, а во есен за околу 10 дена
3.Предност на есенското сеење трева е што ќе има помалку плевели;
4.Ако земјата на одбраната локација е добра, нема потреба од голема обработка на почвата. Доволно е само горниот слој на земјата да се преврти , да се исчистат камчињата и плевелите. На тој начин полесно ќе се добие рамна површина.
5.Подеднаква густина на трева се добива доколку теренот се подели на квадрати и секој квадрат се сее засебно;
6.Наводнувањето е многу важно и пожелно е првата недела тоа да се прави рачно со распрскувач. Треба да се внимава навлажнувањето да биде рамномерно;
7.Секогаш купувајте семе со добра ‘ртливост. Во спротивно ќе се појават празни места кои ќе треба да ги пополнувате, а ако не е исто семе ќе има разлика во нијанси на бојата.
8.Бидете многу внимателни со ѓубривата, немојте да претерувате;
СЦЗРР