Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува Јавниот повик бр.3/2023 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.
Предмет на огласот е Мерка 121- Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства.
Право на користење на средства имаат Земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС во МЗШВ.
Средствата се наменети за подигнати повеќегодишни лозови и овошни насади, ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија, и багрем) на нови површини во периодот од 01 април 2022 година до 30 април 2023 година.
Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот. Висината на кофинансирање е од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци. Потребно е да прикачат здолжителни електронски документи (фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачани роеви/матици/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од еден месец од денот на објавување на повикот, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на договор уредно заверен со потпис и печат и други).
Барањата кои не се поднесени електронски нема да се разгледуваат.
Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон МЗШВ како и финансиските обврски кон Јавното претпријатие за стопансиување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.
Крајниот рок за доставувања барања за исплата е 31.05.2023 година.
Повеќе информации за повикот прочитајте на следниот ЛИНК.
Советодавен центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите заинтересирани лица околу подготовката на баеањето и електронското аплицирање. Пишете ни на -е.маил: kontakt@sovetodavna.mk или јавете се тел 072/251 263; 076/749 833: 070/934 439 или посетете не во канцеларијата на ул. Панда Чешнова бр.6 Стара Битолска Чаршија.
СЦЗРР