Што е потребно за зплицирање за опрема за продажба од куќен праг? Советодавен центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите мали производители на храна околу изготвување деловен план и пополнување на барањето на грант од 10 000евра.
Кој може да биде корисник на грант од 10 000евра?
Корисници на ваков грант може да бидат мали производители на храна. Земјоделското стопанство треба да им биде регистрирано во ЕРЗС при МЗШВ и евидентирано во АХВ како оператори со храна од животинско или растително потекло и да ги задоволува минималните хигиено технички услови за производство.
Кои документи се потребни?
Потребно е да се поминат неколку чекори за еден мал производител да обезбеди потребни документи и да се биде корисник на ваква поддршка.
1.Доколку земјоделското стопанство не е евидентирано во АХВ како оператор за храна треба да се поднесе барање до АХВ;
2.Од УЈП треба да се обезбеди доказ за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, не постар од еден месец;
3.На нотар треба да се потпише и завери изјава дека не се користени средства за иста намена од други извори;
4.Пополнување на деловен план;
5.Пополнување на барање за грант од 10 000евра;
6.Потврда од ЕРЗС за засадените култури, она што ќе се сади;
7.Фотокопија од лична карта;
8.Имотен лист или договор за закуп;
9.Три понуди од различни понудувачи за ист тип на наведени инвестиции;
10.Договор за користење на услуги од стручно лице – консултант
За правни лица:
11.Тековна состојба од Централен регистар не постара од еден месец;
12.Доказ дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка (од Централен регистар) не постара од еден месец.
Јавниот повик трае до 2 април 2023година.
Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола им стои на располагање на сите мали производители кои сакаат да бидат косирсници на ГРАНТ ОД 10 000ЕВРА. Може да ни пишувате на kontakt@sovetodavna.mk или да не контактирате на тел. 070/934 439