Одгледувањето домати од семе и садењето изгледа релативно лесно. Предизвикот е всушност во одгледувањето на самите садници, кои ќе прераснат во силни, здрави растенија кои ќе произведат голем број на совршено зрели домати.
Овие основни совети ќе ви помогнат да ги избегнете вретените, слаби садници, да спречите габични заболувања и како да го извршите преминот на садници од затворен простор во градината.
10 совети за одгледување домати – од расад до плод
Не попчнувајте прерано со одгледување домати
Имајте за цел да засадите семе од домати 5 до 6 недели пред последниот очекуван пролетен мраз. Лесно е да се занесете во пресрет на пролетта што доаѓа и да почнете да садите семе од домати прерано. Семињата засадени повеќе од 6 недели пред последниот пролетен мраз ќе бидат подготвени да излезат надвор порано пред да дозволат надворешните услови. Почекајте го вистинскиот момент за да ја засадите најдобрата летна берба.
Насаденото семе чувајте го на топло
Идеалната температура ќе влијае на развојот на семето. Топлината им оди во корист на семето при ртењето.
Затоплувањето на почвата на 25-35°C го поттикнува ситното семе да ги спушти своите први корени и стебленце. Користете водоотпорна електрична подлога како извор на топлина за семињата или ставете ги засадените садовина соодветно топло место. Штом семето никне садовите преместете ги . Садниците најдобро растат кога температурата на почвата е помеѓу 15 и 25°C.
Осветлете ги ги садниците од домати
Постојат светла за садници со тајмер што може да помогне во регулирањето на осветлувањето на садниците
Светлиот, сончев прозорец не е доволен извор на светлина за одгледување цврсти садници. Сончевата светлина што доаѓа низ прозорецот создава садници со долги, еластични стебла. Потребен е едноставен сет на флуоресцентни или сијалици за растење, за да се одгледуваат садници кои ќе бидат компактни со јаки стебла и гранки. Садниците најдобро растат кога изворот на светлина е поставен на 5-10 см над листовите. Користете тајмер за осветлување на садници од 14 до 16 часа на ден.
Внимателно со водата и наводнувањето
Доволната влага и светлина влијаат на резултатот, без претерувања. Садниците најдобро растат кога почвата е постојано влажна, но не и водена. Кога ќе ја допрете површината на почвата, треба да почувствувате влага, но водата не треба да излегува кога почвата е благо притиснато. Одржувајте ја почвата влажна со лесно наводнување секој ден. Не дозволувајте почвата целосно да се исуши.Користете соодветни канти за прскање погодни за оваа намена.
Изретчете ги ги садниците од домати во расадникот
Внимавајте на растојанието на доматите
Користете пар чисти ножици или користете го палецот и показалецот за да ги отстраните садниците кои растат премногу блиску еден до друг. Имајте за цел да ги распоредите малите садници на растојание од околу 5 см. Добро распоредените садници ќе развијат силен коренов систем кој го овозможува растот на растението и изобилство на лисја кои го помагаат идниот раст и развој на плодовите.
Обезбедете ѓубриво за одгледување расад
Откако садниците ќе го развијат својот втор сет на вистински лисја (тоа се лисја во помала верзија на зрелите лисја што го сочинуваат возрасното растение- започнете со ѓубрење со разредено сенаменско течно ѓубриво. Целта е да ги прихранувате растенијата еднаш неделно.
Овозможете подвижност на садниците
Развојот на стебла помага да се зајакне под влијание на ветерот
Кога садниците се високи 8-10 см, во нивна близина ставете вентилатор кој нежно ќе го движи воздухот околу вашите садници. Идејата е да се имитира ветерот, кој им помага на растенијата да развијат силни стебла. Секојдневното движење на воздухот помага и во спречување на габични проблеми во почвата.
Изретчете ги садниците по потреба
Ако сте почнале да ги одгледувате садниците во сад за семе или во мала саксија, кога садниците ќе достигнат висина од околу 8 см , преместете ги во поширок сад околу 10 см. Зголемениот волумен на почвата и надземниот простор за одгледување ќе им овозможат на растенијата да развијат поголеми коренови системи и енергично разгранување.
Започнете со преместување на садниците на отворено
Колку поголема аклиматизација толку подобро пресадување.
Откако ќе помине последната шанса за мраз во пролетта, а дневните температури се редовно околу 15 степени, време е да им помогнеме на садниците да се подготват за пресадување. Прилагодете ги садниците на суровите услови на раст на отворено, почнувајќи со преместување на садниците на отворено. Ставете ги надвор на заштитено место неколку часа дневно најмалку една недела, ако не и повеќе.
Постепено зголемувајте ја изложеноста на садниците на сончева светлина и ветер, внесувајќи ги внатре секоја вечер. Овој процес се нарекува стврднување. Преместувањето на растенијата во и надвор секој ден може да биде заморно, но правењето на овој дополнителен напор помага да се минимизира шокот од пресадувањето, така што вашите садници ќе имаат подобри шанси да напредуваат кога ќе се преместат на отворено.
Пресадување на садниците
Мулчирањето е важен дел од процесот
Почекајте додека ноќните температури се редовно над 10°C, па потоа пристапете на расадување. Топлите ноќни температури доведуваат до топла почва, што е од суштинско значење за добар раст на растението . Доматите пресадени во ладна почва се борат со недели пред да започне добриот раст. По садењето, нанесете слој од прекривка од 5 до 8 см околу растенијата за да се спречи растот на плевелот и да се намали испарувањето на влагата во почвата.
Извор: Агромедиа