
Опис на мерката
Поддршката за поттикнување на земјоделско производство се доделува за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства.
Поддршката по Мерка 113 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.
Корисници
Општа дефиниција за корисник
Потенцијални корисници за Mерка 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство се носители на земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:
Физички лица:
- Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
- Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
- Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
- Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва; Трговско друштво – регистриран согласно Закон за трговски друштва.
Носителот на земјоделско стопанство треба да биде на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.
Критериуми кои треба да ги исполни барателот
- семејното земјоделско стопанство да биде запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од членот 15 од Законот за земјоделство и рурален развој,
- на денот на поднесување на барањето за помошта, носителот на семејното земјоделско стопанство да нема повеќе од 40 години и
- семејното земјоделско стопанство да не користело помош од мерката 112 Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност која се спроведува согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој.
Висина на поддршка
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 1.200.000,00 денари.
Прифатливи трошоци
Прифатливи трошоци за Мерка 113 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
Набавка на градежни материјали за изградба и/или опремување на затворени/заштитени простори (стакленици/пластеници) и/или објекти како и други комерцијални објекти и опрема за постбербени активности, преработки на фарма и директен маркетинг на фарма за следните сектори:
- Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија;
- Житарици, мелнички производи и производи од скроб;
- Растителни и животински масла и масти;
- Шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет, маџун и др;
- Месо и месни производи;
- Млеко и млечни производи; (вклучувајќи јајца и живина)
- Пчеларство
- Сточарство
Градежни материјали за изградба и/или опремување на затворени/заштитени простори (стакленици/пластеници) и/или објекти како и други комерцијални објекти):
- за инсталирање / одржување на прифатливата опрема
- за постигнување на стандардите за животната средина
- за постигнување на добра земјоделска пракса
- за обезбедување на хигиенски и санитарни услови
- да се обезбеди административен простор
- помошни објекти – пристап, уредување и оградување
Набавка на машини и опрема за преработка
- Опрема за прием, собирање и чување.
- Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.
- Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.
- Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
- Резервоари, танкови.
- Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување.
- Опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање. • Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи.
- Опрема за сечење и откостување.
- Опрема за пчеларство, производство на мед и други пчелни производи • Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари, транспортприколки, ладилници, палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет.
- Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна, сместување на животните пред колење
- Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.