Субвенции

Uslugi-Subvencii

Секоја година секое земјоделско стопанство има можност да користи средства за стимулација и за зголемување на земјоделското производство или познати кај нас субвенции. За таа цел потребно е да поднесете електронско барање, но пред поднесување на барањето потребно е да ги направите следните проверки, односно ажурирања во соодветните регистри:

  • Проверка на евидентирани лични податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во подрачните единици на Министерството (ЕРЗС).
  • Проверка на евидентирани податоци во Регистарот за идентификација ирегистрација на домашни животни во ветеринарното друштво со кое сточарот има склучено договор.
  • Проверката и ажурирањата или евиденцијата во регистрите се прави секоја година во период од 1ви јануари до 15 март.
  • Поднесувањето на барањата за мерките по површина се врши врз основа на податоците во ЕРЗС и СИЗП (систем за идентификација на земјишни парцели).
  • Поднесувањето на барањата за говеда, овци и кози се врши врз основа на податоците во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барање.

За поднесување на електронското барање (е-барање) можете да се обратите преку нашата контакт форма или директно на телефонскиот број: 072 251 263