„Инвестирај во земјоделството“  – Прва од серијата инфо сесии

„Инвестирај во земјоделството“  – Прва од серијата инфо сесии

„Инвестирај во земјоделството  затоа што  секој вложен труд, секоја инвестиција вложена во вистинско време и на вистинско место се исплати“- беше речено на правата инфо сесија што ја организира СЦЗРР Триумф консалтинг Битола.

Првата од серијата инфо сесии ја посеветивме   на ИПАРД 3 програмата 2021-2027 , конкретно на Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Нашата идеја ја поддржаа битолските фирми Хемометал и Бис промет.

Сметаме дека само информиран и едуциран земјоделец може да се справи со сите предизвици што ги носи модерното време со себе и да има позиција со која ќе влијае на аграрната политика не само кај нас туку и пошироко.  

Производството на храна, како да се произведе повеќе и поквалитетно ќе бидат најголемите предизвици за еден земјоделец. Земјоделецот може да оди напред само ако се едуцира,  информира и ако техничко технолошки се развива. Науката и технологијата одат напред со голема брзина. За жал развојот на зрмјоделците не се одвива со посакуваната динамика. Досегашните искуства покажуваат дека голем дел од македонските земјоделци не се доволно  информирани за можностите што им се нудат преку мерките од ИПАРД или Националната  програма.

Што е ИПАРД и кои можности ги дава?

ИПАРД  е инструмент за претпристапна помош со кој се финансираат инвестиции кои ќе овозможат одржлив развој во земјоделските стопанства запазувајќи начела од законодавството и стандардите во ЕУ.

Се има впечаток дека аплицирањето по некоја од мерките во ИПАРД  програмата е многу тешко со обемна документација, дури и неизводливо. Токму затоа  советодавниот центар за земјоделство  и руирален развој  ТРИУМФ КОНСАЛТИНГзапочна со организирање инфо сесии, онлајн преку ЗООМ платформата. Целта е  да ги охрабриме заинтересираните лица дека сè може да биде изводливо доколку е добро осмислено и ги исполнува условите и критериумите. Ние како консултантска фирма настапуваме токму во тој дел околу подготовка на документација, аплицирање и водење на инвестицијата до нејзиниот поврат на финансиски средства.

На следниот линк може да ја преземете целосната презентација.

За секакви прашања поврзани со оваа мерка заинтерсираните лица може да ни пишуваат на контакт формата kontakt@sovetodavna,mk  или пак во порака на ФБ профилот на Советодавен центар за земјоделство и рурален развој.

СЦЗРР