Грантови и субвенции

 

Грантовите и Субвенциите кои се доделуваат од страна на државата и Европската унија се за подобрување на општото работење на земјоделските стопанства и другите дејности во руралните средини како и достигнување на стандардите на Европската Унија. Со користењето на овие грантови и субвенции се зголемува конкурентноста на македонскиот производ и го прави рамноправен со производите кои се произведуваат во унијата. Искористувањето на овие грантови е од огромно значење за реструктуирање и модернизација на целокупно производство и услуги во руралните средини.