Рурален развој

 

Руралниот развој е процес на подобрување на квалитетот на животот и економската благосостојба на луѓето кои живеат во руралните средини, честопати релативно изолирани и ретко населени области.

Руралниот развој традиционално се фокусира на експлоатација на природни ресурси кои се интензивни на земјата, како што се земјоделството и шумарството. Сепак, промените во глобалните мрежи за производство и зголемената урбанизација го сменија карактерот на руралните области. Се повеќе руралниот туризам, преработката на земјоделски производи и примарното земјоделско производство  се јавуваат како доминантни економски двигатели во руралните средини. Потребата руралните заедници да пристапат кон развојот од поширока перспектива создаде повеќе фокус на широк спектар на развојни цели отколку само создавање поттик за земјоделски или деловни активности засновани на ресурси. Образованието, претприемништвото, физичката инфраструктура и социјалната инфраструктура, сите играат важна улога во развојот на руралните региони. Руралниот развој се карактеризира и со акцент на стратегиите за локален економски развој.  За разлика од урбаните региони, кои имаат многу сличности, руралните области се многу карактеристични  и се разликуваат едни од други. Поради оваа причина, постојат голем број на пристапи за рурален развој што се користат на глобално ниво. Руралниот развој е сеопфатен поим. Во суштина се фокусира на активности за развој на области надвор од главниот градски економски систем.