Мерка 213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики

Ruralen-razvoj-merka-213

 

Оваа мерка  е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционалното овчарство како неповратната финансиска поддршка и тоа:

  • во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 1 ноември 2018 до 31 декември 2020 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина поголема од 700 метри.
  • во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 1 ноември 2018 до 31 декември 2020 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина помала од 700 метри.
Бројот на вработени лица за кои се пресметува поддршката е:

– одгледување на овци за едно вработено лице на 150 овци

– одгледување на кози за едно вработено лице на 50 кози

– одгледување на говеда за едно вработено лице на 50 говеда

  • Помошта се исплаќа за најмногу 20 вработени лица за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта при што за десет вработени лица се исплаќа 100% за помошта  за регистрирани одгледувалишта над 700 метри надморска висина, односно 60% за помошта за одгледувалишта регистрирани на висина помала од 700 метри, а за вработените лица над десет помошта се намалува за 50%.
  • Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист најмалку една година по годината за која е исплатена поддршката.
  • Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката изнесува не повеќе од 360.000 денари по вработено лице.