Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започување на земјоделска дејност

Ruralen-razvoj-merka-112

Опис на мерката

Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

Поддршката по Мерка 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.

Корисници

Општа дефиниција за корисник

Потенцијални корисници за Mерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност се носители на земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:
  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
  • Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
  • Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
  •  Трговско друштво – регистриран согласно Закон за трговски друштва.

Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.  На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

Критериуми кои треба да ги исполни барателот

  • Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделското стопанство или новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
  • Подносителот на барањето да има минимум средно образование од областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот план предвидува потреба од обука,
  • Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство и
  • Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

Висина на поддршка

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 600.000,00 денари.

Начини на финансирање

Општи принципи

Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој  се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за релевантната година. Корисникот на Програмата, во целост е одговорен за реализација на инвестицијата. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати.

Корисникот на средства по Мерка 112 може да поднесе барања по други мерки од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.