Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели

Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 01/2026 за поднесување барања за финансиска поддршка преку Мерка 213 од Програмата за рурален развој за 2026 година. Јавен повик за мерка 213 ПРР 2026.

Мерката е наменета за поддршка на земјоделците кои одгледуваат добиток и користат пасишта и ливади, со цел зачувување на руралните предели и традиционалното сточарство.

Основни услови

  • Апликанти може да бидат регистрирани земјоделски стопанства.
  • Поддршката се однесува на одгледување и напасување овци, кози и говеда на пасишта и ливади.
  • Барањето се поднесува со потребната документација во утврден рок.

Критериуми

  • 1 вработено лице на 150 овци
  • 1 вработено лице на 100 кози
  • 1 вработено лице на 50 говеда

Максималната поддршка може да достигне до 620.000 денари по вработено лице, согласно условите на повикот. Крајниот рок за доставување на барањата е 31.03.2026 година. Јавен повик за мерка 213 ПРР 2026.

Советодавна ви стои на располагање на сите заинтересирани земјоделци при подготовка на потребната документација и поднесување на барањата. За дополнителни информации и стручна помош, земјоделците може да се обратите на телефон 072/251-263 или kontakt@sovetodavna.mk.

Повеќе информации за повикот може да најдете ТУКА.