Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој „ДООЕЛ ТРИУМФ КОНСАЛТИНГ“ е консултантска компанија, која обезбедува консултантски услуги и стручна помош на земјоделски фарми, микро, мали и средни претпријатија со цел да ги зајакне нивните капацитети и да им помогне во понатамошниот развој.
Повеќето од нашите услуги се финансиски обезбедени преку фондовите на Република Северна Македонија, Европската унија, Европската банка итн. Нашите услуги во голема мера или целосно се надоместуваат од овие средства, а вашите финансиски обврски кон нас се минимизирани.
Цел на компанијата
НАШАТА ЦЕЛ Е во исполнувањето на барањата, потребите и очекувањата на нашите клиенти преку постојано подобрување на квалитетот на услугите и воведување на иновативни технологии за развој.
Мисија
Нашата мисија е да внесеме безбедност и доверба кај нашите клиенти со нашата врвна услуга, достапност и сигурност. Ние се обидуваме да ги задоволиме вашите потреби и желби и на тој начин сите стануваме поуспешни. Ние прифаќаме лична одговорност и се стремиме да бидеме секогаш различни, подобри и да го поттикнуваме напредокот.
Визија
Нашата визија е да бидеме лидер на пазарот, модерна, иновативна и ефикасна компанија која обезбедува врвна услуга и придонесува за повисок квалитет на живот за нашите клиенти.