Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за Мерка 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.
КОЛКУ ИЗНЕСУВА ПОДДРШКАТА?
До 360.000 денари по корисник за прифатливи трошоци.
ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ СРЕДСТВАТА?
– Набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи.
– Набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, согласно Програмата.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Земјоделски стопанства чиј носител или член е жена и кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 13.11.2026 година
Важно:
– Барањето се доставува во хартиена форма, по препорачана пошта или лично во Агенцијата.
– Инвестицијата не смее да започне пред потпишување договор со Агенцијата.
– Рокот за реализација на инвестицијата е најмногу 6 месеци по потпишувањето на договорот.
– Потребно е да се исполнат условите и критериумите утврдени со повикот и важечките прописи.
СОВЕТОДАВНА – ВАШ ПАРТНЕР ЗА УСПЕШНО АПЛИЦИРАЊЕ!
Ви нудиме професионална поддршка при:
– Проверка на условите и прифатливоста за аплицирање
– Подготовка на деловен план
– Подготовка и комплетирање на потребната документација
– Подготовка на апликацијата согласно барањата на јавниот повик
За информации и професионална подготовка на апликации: 072 251-263
За повеќе информации кликнете ТУКА и искористете ја можноста за развој и модернизација на вашето земјоделско стопанство!




