
131.1 – Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при МЗШВ.
131.2 – Помош за премии за осигурање во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70% од трошокот за осигурање на производните капацитети на земјоделската задруга од мал обем и 80% за осигурање на производните капацитети на земјоделската задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000 денари на годишно ниво.
131.3 – Инвестиции за набавка на земјоделска механизација во висина од 90% од вкупната вредност на инвестицијата.
131.4 – Инвестиции за примена на заеднички производни практики за усогласување на стандардите за квалитетот на земјоделските производи или за производство на земјоделски производи со повисок квалитет.
131.5 – Организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи.
Упатството вклучува и објаснување по однос на процесот на доставување на документи, обработка на барањата, потпишување на договори, контрола на лице место и реализација на инвестициите.
Цел на програмата
Што се финансира со мерките од Програмата?
Мерките се насочени кон финансирање на капитални инвестиции и финансирање на оперативни и материјални трошоци. Во одредени случаи се финансираат и трошоците за изработка на градежни проекти. Финансиската поддршка се однесува исклучиво на инвестиции кои се наведени како прифатливи инвестиции во рамки на секоја потточка одделно.
Средствата за Мерката 131 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност се наменети за воспоставување на задруги во тековната година и одржување на работата на веќе воспоставените задруги, за инвестиции за унапредување на физичкиот потенцијал на земјоделската задруга и за помош за организирање на информативни и промотивни настани за промоција на земјоделската задруга и нејзините производи.
Исплата на средства
Исплатата на средствата за мерките дефинирани во оваа Програма ја врши Агенцијата, преку Секторот за одобрување на исплата, во висина на вредност на прифатливи трошоци со исклучок на даноци, јавни царински давачки и складиштење, судски такси, лизинг, и надомест за социјално, здравствено и пензиско-инвалидско осигурување.
Начин на финансирање
Општи принципи
Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за подмерките 131.3 и 131.4 се врши врз основа на одобрено барање за користење на средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција, по потточки. Исплата на средства се врши по целосна реализација на инвестицијата која мора да е во согласност со Договорот за финансиска поддршка склучен со Агенцијата. Корисникот на Програмата во целост е одговорен за реализација на одобрената инвестиција.
Барателите за подмерките 131.3 и 131.4 не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
Останати принципи
- Принцип на грант – Поддршката по овој основ подразбира доделување на неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Македонија.
- Принцип на видливост – Корисникот е должен во рок од 5 години да има истакнато налепница или натпис на инвестицијата со која означува дека инвестицијата е ко-финасирана со средства од Програмата.
Мерки на финансирање
Потточка 131.1 – Основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на земјоделски задруги при МЗШВ
Прифатливи Трошоци:
- трошоци за воспоставување на земјоделската задруга освен за веќе воспоставени задруги;
- трошоци за закуп на простории и објекти за работа на задругата освен за веќе воспоставени задруги;
- трошоци за набавка на компјутерска опрема, канцелариски мебел и компјутерски софтвер за планирање, управување, следење и контрола освен за веќе воспоставени задруги;
- бруто плата на стручни лица за управување со земјоделската задруга, административни и технички работници;
- услуги од трети лица за водење на сметководство и ревизија на работењето на земјоделската задруга;
- услуги од трети лица за едукација на вработените стручни лица во земјоделската задруга;
- трошоци за информирање на членовите на земјоделската задруга
- услуги од трети лица за организирање и спроведување на програми за обука на членовите на земјоделската задруга вклучително и патни и дневни трошоци на членовите на земјоделската задруга во висина која не надминува 800 денари по учесник на дневна основа; и
- трошоци за организирање на промотивни настани за привлекување и ширење на членството на задругата
Потточка 131.2 – Помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70% од трошокот за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од мал обем и 80% за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000, денари на годишно ниво.
Потточка 131.3 – Инвестиции за набавка на земјоделска механизација во висина од 90% од вкупната вредност на набавката
Прифатливи Трошоци:
- трактори до 95 КС;
- култиватори или мото-култиватори;
- опрема и приклучна механизација за припрема на почвата, садење или за берење/собирање/жнеење и транспорт;
- генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште;
- градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површински води за наводнување на земјоделски имот на корисникот;
- градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата;
- градежни материјали и елементи за конструкција на расадници со опрема за микроклиматски услови;
- услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи;
- услуги од трети лица за инсталирање на опремата вклучително и софтвер и
- услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација.
Потточка 131.5 – Организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи
Прифатливи Трошоци:
- трошоци за организирање и спроведување промотивни настани за промоција на земјоделска задруга и нејзините производи
- трошоци за закуп на простор за изложување на земјоделски производи кои ги произведуваат членовите/основачите на организационата форма на економско здружување на земјоделски стопанства
- трошоци за изработка на штандови и уредување и опремување на изложбениот дел;
- трошоци за награди и промотивен материјал за членовите/основачите на организационата форма на економско здружување на земјоделски стопанства како учесниците кои изложуваат на манифестацијата/саемот; патни и дневни трошоци на учесниците за учество на саемски манифестации и саеми како изложувачи; трошоци за транспорт на опремата и производите на учесниците за учество на саемски манифестации и саеми како изложувачи; услуги од трети лица за организирање на промотивна кампања за организационата форма на економско здружување на земјоделски стопанства и услуги за изработка на веб-страна и одржување на веб-страната;
Максимална вредност на прифатливи трошоци
Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за сите потточки вкупно изнесува до 1.000.000 денари годишно.
Висина на прифатливи трошоци за бруто плати не може да надмине 100% од вкупните прифатливи трошоци за првата година од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.
Финансиската поддршка за мерката 131 од Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој може да се додели на две рати од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.
Поддршката од Мерката 131.2 за организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи се доделува во износ од 100% од вкупно прифатливите трошоци за спроведување на предвидените активности во програмата за работа на земјоделската задруга и може да се додели на две рати.
Корисници
Корисници на мерката 131 се земјоделски задруги регистрирани во Регистар на земјоделски задруги при МЗШВ во согласно со Законот за земјоделски задруги.
Постапка за избор на корисници
- Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерата 131 за инвестиции за набавка на земјоделска механизација се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.
- Поддршката се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, кој треба да ја предвидува потребата за користење на набавената земјоделска механизација за период од пет години од денот на одобрувањето на поддршката.