Мерка 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинст

Ruralen-razvoj-merka-115

Опис на мерката

ПОДДРШКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАЌИНСТВО СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО:

Целта на мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството.

Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на производството преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделско производство и/или за достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон или за достигнување на новововедени стандарди согласно со закон и тоа само за оние инвестиции кои се сметаат за дополнителни инвестиции за достигнување на минимални стандарди и не доведуваат до зголемување на производниот капацитет.

Прифатливи инвестициони активности и прифатливи трошоци по инвестициони активности

Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој  прифатливи се следниве инвестиции:

  • Инвестиции за набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и
  • Инвестиции набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, додека набавка на земјоделска механизација не е прифатлив трошок.

Корисници

За проектите од мерка 115, потенцијален корисник е земјоделско стопанство чиј носител е жена, упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:
  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
  • Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
Правни лица:
  • Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
  • Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
НАПОМЕНА:

-Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Критериуми кои треба да ги исполни барателот и максимална вредност на прифатливи трошоци
  • Подносителот на барањето да е жена носител на земјоделското стопанство и
  • Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

Висина на поддршка

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 180.000,00 денари.

Прифатливи трошоци

Прифатливи трошоци за Мерка 115 од Програма за рурален развој

Набавка на опрема за постбербени активности, преработки на фарма и директен маркетинг на фарма:

  • Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија;
  • Житарици, мелнички производи и производи од скроб;
  • Растителни и животински масла и масти;
  • Шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет, маџун и др;
  • Месо и месни производи;
  • Млеко и млечни производи; (вклучувајќи јајца и живина)
  • Опрема за прием, собирање и чување.
  • Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.
  • Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.
  • Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.
  • Резервоари, танкови.
  • Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување.
  • Опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање. • Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи.
  • Опрема за сечење и откостување.
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.
  • Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција.
  • Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање.
  • CIP опрема (“clean in place”).
  • Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна, сместување на животните пред колење

Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи.