Започна поднесувањето на барања за субвенции во земјоделството за 2026 година

Започна поднесувањето на барања за субвенции во земјоделството за 2026 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој официјално го започна процесот на поднесување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

Земјоделските стопанства можат да поднесат барања за:

  • основна и дополнителна поддршка на доходот (директни плаќања по површина и грло добиток);
  • директни плаќања по единица производ;
  • поддршка на влезните елементи во производството;
  • мерки за мали земјоделски стопанства.

Поддршката по површина и грло добиток е условена со произведен и продаден производ кај регистриран откупувач. Поднесувањето на барањата се врши исклучиво по електронски пат преку веб-порталот на Агенцијата.

Краен рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година.

Професионална подготовка на барања

Советодавна нуди целосна и професионална услуга за подготовка и електронско поднесување на барања за субвенции за 2026 година.

Нашите услуги опфаќаат:

  • проверка на исполнетоста на условите;
  • подготовка на целокупната документација;
  • електронско поднесување на барањето;
  • стручна поддршка и консултации во текот на постапката.

Доколку сакате вашето барање да биде подготвено навремено и правилно, контактирајте нè и закажете термин.

Телефон за информации и закажување: 072 251 263