Дневниот оброк во исхраната на расплодни овни треба да биде составен да може во сезоната на мркање да осигура 30 % повеќе енергија и 50% повеќе протеини и минерaли
Расплодните овни треба да бидат во расплодна кондиција во текот на целата година. За време на сезоната на припустот треба да се почне со припрема на овните месец до месец и пол пред периодот за припуст. Во овој период дажбите треба да се засноваат на најквалитетно сено или паша во зависност за кој период од годината се работи.
Разновидност во исхраната – крмни смеси
Во оброците постепено треба да се внесуваат крмните смески. Во тој период крмните смески треба да бидат составени од различни состојки. Се додаваат житарици, зоб, јачмен, пченица, а додека пченката не треба да биде застапена со повеќе од 45% .
Од таа смеска во зависност од периодот, телесната развиеност, кондицијата итн. овните добиваат до 800 грама дневно.
Во сезоната на припустот во исхраната на расплодните овни се дава волуминозна храна до 1,5кг смеска која содржи 16% протеин. Пожелно е да се додаде и обрано млеко во прав 1кг на ден или 4 јајца од кокошка. Тие се одличен извор на протеини од животинско потекло.
Дневниот оброк на расплодните овни треба да биде со таков состав да може да обезбеди квалитетно мркање. Во сезоната на мркање да осигура 30 % повеќе енергија и 50% повеќе протеини и минерали во однос на припремниот период.
На следнава табела ни е претставен пример за дневен оброк:
Покрај волуминозните крмива и концентрираната храна во сезоната на припремата за припустот и припуст, на овните му се додава и 1,5кг до 2 кг шеќерна репка, сточен грашок или слично крмиво.
Состав на крмната смеска:
СЦЗРР