Исхрана на овците

Исхрана на овците

Исхраната на овците во производствениот циклус е различна пред мркање и после јагнење. Пред новиот циклус храната треба да се подобри.

Исхраната на овците  во подготвувањето за новиот производствен циклус е од голема важност

Исхраната на овците во различни циклуси е различна. После периодот на цицање и молзење, овците прекинуваат да даваат млеко и  потребно е да се подготвуваат за нов производствен циклус. За исхраната на домашните животни потребно е да се обрне внимание. Потребите во исхраната на овците во  овој период со   сите потребни  хранливи материи се задоволуваат од волуминозната храна. Единствено ако волуминозната храна е со лош квалитет или ја нема доволно, во тој случај на овците  им се дава концентрирана храна. Ако има потреба од прихранување на овците дневно се дава 300-400 грама житарици по грло. Оваа количина зависи од расата, телесната развиеност, кондицијата  на овцата.

Исхрана на овци

Припрема на овците за оплодување-Флашинг метода

Два месеци пред сезоната на припустот треба да се прегледаат овците и да се утврди во каква кондиција се. Доколку овците се во лоша кондиција т.е. се исцрпени од предходниот производствен циклус  тогаш правиме припрема на овците за оплодување односно флашинг метода.

Таа метода се прави 3-4 недели пред сезоната на припуст, а се состои од подобрување на дневните оброци и поправање на кондицијата.

Овца - на -пасиште

Во овој период  можеме да ги однесеме овците на квалитетно пасиште и да се додада мала количина на житарици или да останат на истото пасиште и да се додаде поголема количина на житарица. Колку е полоша кондицијата на овците толку се додаваат повеќе житарици т.е. се додаваат 200-350 грама по грло дневно.

Тревата како исхрана клај овци

Со изведувањето на припремата на овците за оплодување го постигнуваме следното:

  • Поинтензивно мркање
  • Поголема плодност
  • Поголема млечност
  • Витални јагниња

Исхрана на гравидни овци

Откако овците ќе се оплодат зборуваме за исхрана на гравидни овци. Поради различните потреби од хранливи материи, кои што се потребни за растот и развојот на плодот, исхраната во овој период  може да се подели на исхрана од 1 виот до 105 тиот ден од гравидноста на овците и од 106 тиот ден до крајот на гравидноста.

Пример за дневен оброк а гравидни овци во првите 105 дена и од 106 ден до крајот на гравидноста

Дневен оброк

Состав на смесата за дневен оброк

Состав на крмна смеса

СЦЗРР