АФПЗРР објави Јавен повик бр.1/2023 за доставување барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.
Предмет на огласот
Повикот се однесува за мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства за набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Закон за сточарство и набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки ) од увоз или од признати организации согласно Законот за сточарство.
Корисници
Право на користење на средства имаат следните субјекти, и тоа:
Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.
Висина на финансиска поддршка
Средствата се наменети набавка на пчелни роеви и матици, нерези и назимки во периодот од 01 јануари до 31 декември 2022 година.
За Мерка 121, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:
-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%
-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%
Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.
Крајниот рок за доставување на барањата за исплата на e-baranje.ipardpa.gov.mk е 15.04.2023 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
Повеќе информации можете да прочитате ТУКА.
Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој информира дека им стои на располагање на заинтересираните лица околу подготвувањето на докумнетацијата и електронското аплицирање на барањето за користење на финансиска подрршка.