Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик бр 09/2023 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за рурален развој 2023 година за :
-НАБАВКА НА ПЧЕЛНИ МАТИЦИ И ПЧЕЛНИ РОЕВИ ОД ОДОБРЕНИ ОДГЛЕДУВАЛИШТА СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА СТОЧАРСТВО И
-НАБАВКА НА ПЕДИГРИРАНИ ЧИСТОКРВНИ ИЛИ ХИБРИДНИ СВИЊИ (НАЗИМКИ И НЕРЕЗИ) ОД УВОЗ ИЛИ ОД ПРИЗНАТИ ОРГАНИЗАЦИИ СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА СТОЧАРСТВО
Средствата се наменети за набавени пчелни роеви, матици, назимки или нерези во периодот од 01 јануари до 30 Септември 2023 година.
Финансиската поддршка е од 50-75% во зависност од статусот на барателот и местото на инвестицијата.
Барањата се поднесуваат електронски преку системот е-барање и во оригинал до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 31.10.2023 година. Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.
Советодавен центар за земјоделство и рурален развој ви стои на располагање за подготовка на електронското барање.