Одгледување на посеви во плодоред е една од најзначајните агротехнички мерки на кои треба да се придржуваат земјоделците. Важно за оваа мерка е дека не се потребни дополнителни вложувања за нејзино спроведување, а користа е повеќекратна.
Под монокултура се подразбира одгледување на растителни сорти на иста парцела подолг временски период .На тој начин земјиштето се троши и доаќа до зголемување на предизвикувачи на болести, штетници, коров, и други штетни материи.
Различни посеви различно реагираат при монокултурно одгледување. Постои одредена група на растенија која е толерантна на краткотрајна монокултура. Овде спаѓаат:пченица, соја, граор, грашок, грав. За разлика од нив други растенија треба исклучиво да се одгледуваат во плодоред. На иста површина може да се одгледуваат по 3 или 4 години. Во оваа група спаѓаат: шеќерна репка, компир, тутун и сончоглед.
Пченката е култура која краткотрајно може да се одгледува во монокултура, без последица за намлаување на приносот, но никако не е препорачливо на долг период. Иако пченката е толерантна во монокултурно одгледување, особено на квалитетно земјиште, сепак ваквиот начин на производство носи ризик и потешкотии.
На прво место тоа мопже да се забележи во отежнатото сузбивање на едногодишни или повеќегодишни корови, причинители на болести како и штетници. Голем ризик при ваков наќин на производство се штетите кои ги нанесува пченкарната златица.
Предностите во одгледување на посеви во плодоред во однос на кратка или подолга монокултура се повеќекратни. Пред се во подобрувањето на хемиските, физичките и биолошките особини на почвата како и во подобрата заштита на посевите од болести, штетници и корови.
Со правилан примена на плодоред се спречува оштетувањето на почвата од ерозија. Се овозможувапорентабилно користење на земјоделската механизација и правилно извршување на некои агротехнички мерки. Она што е најзанчајно за земјоделските производители е разликата во приносите која може да се постигне. Доколку пченката се одгледува во плодоред може да се постигнат поголеми приноси од 10-20% во однос на монокултурно одгледување.
Извор: Агромедиа