Припрема на сенажата со фолија

Припрема на сенажата со фолија

Подготвувањето и складирањето на кабастата сточна храна во фолија – односно сенажа – претставува ефикасен метод за зачувување на нејзиниот квалитет.

Во ситуација кога временските услови се непредвидливи, особено при првиот откос, традиционалното сушење на сеното на полето често носи значителни загуби како во количина така и во квалитет.

Кога се прави сенажа и се обвиткува со фолија, свежиот растителен материјал се заштитува целосно: фолијата го спречува разнесување од ветер и дожд, а природната боја, мирис и вкус на балите остануваат во првобитна состојба – така речиси и да нема хемиски промени во масата.

Процесот на производство и е механизиран, што значително го забрзува работењето, па затоа најчесто го применуваат поголемите фарми кои имаат соодветна техника и кадар. Кај помалите стопанства, пак, се популарни мали квадратни бали – но тие бараат повеќе труд и време и не нудат исто заштитување и економичност како омотаните во фолија.

Во однос на опремата, добра комбинација претставуваат роло балерите и соодветна стеч фолија која е доволно еластична, цврста и отпорна на оштетување. Особено важно е фолијата да го задржи квалитетот на сенажата, природната боја и мирис без да се случат хемиски процеси.

Покрај пресата, омотачот игра клучна улога – постојат стационарни и влечени варианти, зависно од големината и организацијата на работењето. Влечените омотачи ги подигнуваат балите и ги свртуваат автоматски, додека стационарните се приклучуваат на тракторот и ги намотуваат балите при самото поврзување. Некои програми овозможуваат автоматско пресекување на фолијата по завршување на процесот.

На поголемите фарми се користи интегриран систем – тракторот во едно поминување собира сено, го компресира во бала и веднаш ја омотува во фолија. По намотувањето, балата се спушта автоматски или се презема со клешти, и веднаш се префрла на место за складирање.

Искуствата и препораките од македонските поднебја велат дека омотувањето на фолија треба да се врши на самата парцела. Земјоделското стопанство со тоа ќе ја скрати изложеноста на балите луцерка на дожд и сонце, ќе се забрза регенерацијата на луцерката за следен откос и ќе се искористи механизацијата ефикасно, без пролонгирани прекини во работата.

Дополнително, земјоделците можат да се информираат и за поддршка преку Националните и ИПАРД програмите, кои секако го олеснуваат инвестирањето во современи балирачки со омотачи.

Ваквиот пристап овозможува рационална, брза и ефикасна подготовка на сточната храна, која обезбедува долготрајна свежина и минимален губиток на вредноста.

Сите земјоделски стопанства кои се заинтересирани за инвестиции и користење на средства од програмите за финансиска поддршка најдобро е да се обратат до канцеларијата на СОВЕТОДАВНА која се наоѓа на Јосиф Јосифовски ББ ( на паркингот кај стара автобуска поранешен хотел Солун, прв спрат канцеларии бр. 11 и 12) Битола, на телефон 072/251-263 или на маил kontakt@sovetodavna.mk.