Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој донесе одлука за продолжување на крајниот рок на јавниот повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2021 – 2027.
Продолжувањето на рокот согласно одлуката е 15 дена со што крајниот рок за јавниот повик 01/2023 е 30.10.2023 година.