Реализирана исплата на субвенции од близу 94 милиони денари

Реализирана исплата на субвенции од близу 94 милиони денари


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата во вкупен износ од близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци.
Исплатата опфаќа повеќе мерки насочени кон поддршка на растителното производство и тоа:


Директни плаќања за ориз
Најголем дел од средствата, односно 89.465.370 денари, се исплатени кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за ориз, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Поддршка за складирање на житни култури
Во рамки на мерка 7 – финансиска поддршка за складирање, исплатени се 3.313.888 денари за складирање на пченица и јачмен од домашно производство.

Дополнително, преку Програмата за спроведување на интервентниот фонд за земјоделството за 2025 година, исплатени се 1.060.218 денари по подмерка 1.1 – финансиска поддршка за предадена оризова арпа, како директна помош за производителите.