Совети за зголемување на несивоста на кокошките во текот на зимата

Совети за зголемување на несивоста на кокошките во текот на зимата

Основно правило за одгледување кокошки: Колку што ќе му посветите внимание на кокошките, толку тие вам ќе ви подарат јајца. Ова најмногу се однесува во есен и зима, кога надворешните температури се ниски. Тогаш почнува процесот на намалена несивост кај кокошките.

Ниските температрури ја намалуваат несивоста кај кокошките. Ако условите каде што се чуваат се лоши, а во исто време има и ниски темпратури може да дојде и до прекин на несењето, за на пролет повторно да почнат да несат. Но до ова не мора да дојде.

Услови за сместување на кокошки несилки

Ако кокошките добро се хранат, се негуваат и ако имаат соодветни услови за чување, тогаш несивоста не само што може да се одржи туку и да се зголеми. Пред сè важно е да се одржува хигиената во кокошарникот. Да се спроведува превентивна ветеринарна  заштита бидејќи добрата здравствена кондиција  е пресудна за максимално искористување  на храната и добрата несивост кај кокошките.

Основа на несивоста е одгледување на квалитетни раси на кокошки, кои се одликуваат со висока несивост. Важно  е  да се постигне поголема несивост и  се остават само младите кокошки кои се во одлична здравствена состојба.

Температура во кокошарникот

Во зима добро би било ако е можно кокошарникот да се загрева. Добро би било кокошарникот да биде ѕидан од квалитетни и непропустливи матријали. Да е простран за да мможе кокошките слободно да се движат, а при тоа да ја одржуваат својата нормална телесна температура која изнесува од 40,5 до 43 степени целзиусови.

Кокошките несилки сакаат добро осветлување во просторијата во која се чуваат. Би било добро да има најмалку осветлување од 3,5W на метар квадратен. Температурата на воздухот во просторијата треба да се одржува на 20 степени. Неопходно е влажноста на воздухот да биде висока од 65-75%.

Исхрана на кокошки

Во текот на есента и зимата неопходно е да се обезбеди квалитена храна за кокошките. Треба да се остават сами да одредат колку им е доволно. Да се води сметка хранилките секогаш да бидат полни за да може кокошките да се хранат по своја волја. Неопходно во хранилките секој ден да се  става најмалку 110гр. концентрат по една кокошка.

Треба да се нагласи дека лимитирачки фактор во зимскиот период е квалитетна свежа храна. Недостигот од ваква храна треба да се надокнади со намирници кои полесно се наоѓаат како што се зелка, моркови или сточна храна. Оваа зелена храна треба да се обеси на висина од 50 см, како би можеле кокошките да колваат по желба со што директно се влијае на нивната продуктивност.

Морковот е корисен поради високото ниво на  А витамин во неговиот состав што ја поттикнува несивоста. На кокошките може да им се даде изртени житарици како јачмен, пченица и др.

Неопходно е да се обезбеди доволно количина на свежа вода за пиење од 2-3 децилитри вода по несилка.

Со примена на овие мерки се обезбедува несивоста кај кокошките во зимскиот период.

Извор:Агромедиа