По објавениот конкурс на ФИТР, Советодавен центар за земјоделство и рурален развој “Триумф Консалтинг“ Битола посредува околу подготовката на апликациите во делот на земјоделството и руралниот развој. Дозволете вашата апликација да биде изработена точно и навремено од тимот професионалци.
Фондот за иновации и технолошки развој на ден 27.03.2023 година, објави Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка:
– до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 2.500.000,00 (два милиони и петстотини илјади) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 (десет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра.
– до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 5.000.000,00 (пет милиони) денари, за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект.
– до 60% (шеесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање.
Советодавен центар за земјоделство и рурален развој “Триумф Консалтинг“ Битола посредува околу подготовката на апликациите во делот на земјоделството и руралниот развој. Дозволете вашата апликација да биде изработена точно и навремено од тимот професионалци.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 05.05.2023 година, до 14:00 часот.
СЦЗРР