Хигиената е еден од најголемите предуслови која треба да биде запазена како во просториите каде чуваат животните така и во просториите каде се чува млекото. Следствено на ова потребна е голема хигиена и за опремата која се користи во тие простории.
После молзењето млекото веднаш треба да се префрли во друга чиста просторија и да се внимава да не дојде до негово загадување. Претурањето од еден во друг сад треба да се избегнува. Опремата која се користи за молзење треба да се чува во истата просторија каде се чува и млекото или во посебна просторија ако постои таква.
За хигиена во просторијата треба да се исполнат следните услови:
- Просторијата да биде поврзана со здраствено исправна вода, одвод и струја. Просторијата треба да е осветлена со светилки кои се направени од пластичен матријал кој е отпорен на кршење
- Подот и ѕидовите треба да се направени од матријал кој лесно се чисти. Просторијата треба да има и вентилација или прозори кои се прекриени со мрежа заради спречување на влегување на инсекти, птици и глодари.
- Просторијата за складирање на млекото треба да е одвоена од просторијата каде се чува добитокот
Опрема која е потребна во просторијата за складирање млеко
Лактофризер со термометар
Филтри, цедила или сито за процедување на млекото
Бојлер
Лавабо
Млеководи и црева ако се пренесува со пумпа
Оваа опрема треба да е нерѓосувачки матријал т.е. инокс кој е мазен , отпорен нетоксичен и лесно се чисти и дезинфицира.
Исто така овој матријал треба да биде непорозен, неабсорбирачки, безмирисен и отпорен на корозија.
Опремата која се користи содржи и делови кои треба да се заменуваат по одрден период заради прородата на материјалот. Гумените делови треба да се заменуваат согласно препораките од производителот за да може да се изведува молзењето без никакви нус појави. За молзењето исто така се користат или иноксни канти или пластични садови кои лесно се чистат после секое молзење.
Хигиена на опремата за чување млеко
Перењето на опремата после секое користење е задолжитлно. За чистењето на оваа опрема е задолжително користење на средства одобрени за млекарската индустрија. Овие средства се чуваат во посебен плакар за таа намена. Перењето на опремата ги опфаќа следниве фази:
- Припрема или механичко чистење
- Предперење (плакнење со вода)
- Перење со детергент (растворот да биде со температура од 85С)
- Плакнење
- Дезинфекција
- Крајно плакнење
- Сушење
Прочитајте повеќе за хигиенски практики за време на молзење
Оваа процедура може да се комбинира во зависност од средствата кои се користат за оваа намена.
При перењето не смее да се користи сунѓер поради тоа што тој преставува легло и извор на многу микроорганизми. Најдобро за чистење на зидовите од опремата која се користи е да се чисти со четки кои се препорачани во млекарската индустрија.
На крај за да се постигнат задоволувачки резултати при перењето треба да се земат во обзир следниве операции:
- Концентрацијата на растворениот детергент (согласно препораките од производителот)
- Температурата на растворениот детергент (80-85С)
- Механичка употреба на четка
- Времетраење на перењето
Доколку сите овие барања ги исполниме може да очекуваме одличен квалитет и безбедност на произведеното млеко и се разбира повисока цена на пазарот.
СЦЗРР