Отворен е јавен повик за за финансиска поддршка за микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година.
Висината за финансиската поддршка по корисник изнесува 300.000 денари. Со овие средства се дава поддршка за инвестиции во опрема и основни средства и услуги кои имаат за цел:
-остварување на додадена вредност во примарното производство,
-развој на производи со традиционални карактеристики и
-зголемување на конкурентноста,
-како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки алкохолни пијалаци.
Краен рок за доставување на барањата е 30 дена почнувајќи од денес.
Одобрените средства во вкупниот износ се исплаќаат авансно на сметката на корисникот согласно рокот утврден во потпишаниот договор.
Корисниците по исплатата согласно договорот треба да ја набават опремата за производство на жестоки алкохолни пијалоци соглансо роковите утврдени во деловниот план и договорот.
Повеќе информации околу начинот и постапката на следниот линк
СЦЗРР