Заедно низ предизвиците – заедно кон посилно земјоделство во 2026

Заедно низ предизвиците – заедно кон посилно земјоделство во 2026

Со надеж, заедништво и нова енергија ја пречекуваме Новата 2026 година!
Тимот на СОВЕТОДАВНА упатува искрена новогодишна честитка до сите земјоделци, задруги, претприемачи, институции и партнери со кои заеднички ја градиме иднината на македонското земјоделство и руралните средини. Зад нас е година исполнета со бројни предизвици – климатски промени, пазарни неизвесности, зголемени трошоци и сложени административни процеси. Но токму преку заедничка работа, посветеност и истрајност успеавме да ги надминеме пречките и да реализираме значајни проекти и активности.
Во изминатиот период заедно работевме на унапредување на земјоделското производство, модернизација на фармите, поддршка на преработката на земјоделски производи и јакнење на руралниот развој. Овие резултати се доказ дека со партнерство, знаење и визија може да се создаде посилен и поконкурентен агро-сектор.
Нека 2026 година биде година на нови можности, уште поуспешна реализација на проекти, зголемена додадена вредност на домашните производи и развој на одржливи рурални заедници. Ќе продолжиме посветено да бидеме ваша поддршка, водич и партнер на патот кон напредно, модерно и одржливо земјоделство.
Ви посакуваме многу здравје, личен и професионален успех, плодна и успешна година.
Среќна и бериќетна Нова 2026 година!

СОВЕТОДАВНА