Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на финансиска поддршка во вкупен износ од 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари.
Исплатата е реализирана по Мерка 1.6 – Директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување, унапредување и зголемување на продуктивноста во овоштарството.
Средствата се наменети за земјоделските стопанства кои одгледуваат овошни насади и ги исполнуваат условите согласно програмата за директни плаќања.





