Објавена е Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Објавена е Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Донесена е Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година и објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 27 од 11.02.2026 година .

Вкупниот буџет за поддршка изнесува 6.061.345.000 денари.

Со оваа програма мерки кои ќе бидат поддржани се:

  • Основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
  • Дополнителна поддршка за одделни категории земјоделци
  • Директни плаќања по единица производ (растително и сточарско производство)
  • Поддршка за набавка на саден и посадочен материјал
  • Поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз
  • Дополнителна поддршка за мали земјоделски стопанства
  • Помош за осигурување
  • Поддршка во сточарскиот сектор
  • Анализа на почва
  • 100% поддршка за гориво за земјоделска механизација (до утврден максимум)
  • Исплата на заостанати обврски од претходни години

Корисници на мерките се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар и кои ги исполнуваат законските услови.

Крајните рокови за поднесување барања се утврдени по поединечни мерки, а исплатата ќе се реализира најдоцна до 30 јуни 2027 година .

За повеќе информации околу програмата и поблиските критериуми, за директните плаќања на следниот ЛИНК.