За оваа година со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година се обезбедени средства во износ од 423.346.596,00 денари, за развој, модернизација и економско јакнење на земјоделските стопанства во Република Северна Македонија.
Оваа програма има за цел да ги поддржи инвестициите во земјоделството, да го зголеми приходот на земјоделските стопанства и да поттикне одржлив развој на руралните средини.
Што е опфатено со Програмата за 2026 година?
Поддршка за млади земјоделци (Мерка 112)
- Финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност
- Поттик за нови земјоделски стопанства
- Поддршка за млади лица од 18 до 40 години
Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство (Мерка 115)
- Неповратна финансиска поддршка
- Инвестиции за преработка и развој на дополнителна дејност
- Јакнење на економската улога на жените во руралните средини
Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства (Мерка 121)
- Набавка на трактори, механизација и приклучна опрема
- Подигање нови насади
- Набавка на педигрирани грла добиток
- Опрема за производство и преработка
- Системи за наводнување
- Инвестиции во обновливи извори на енергија
Инвестиции во зголемување на економската вредност на шумите (Мерка 122)
- Инвестиции за одржливо стопанисување
- Набавка на опрема и механизација
Инвестиции во инфраструктура (Мерка 124)
- Водостопанска инфраструктура
- Електрификација и пристап до пасишта
- Консолидација на земјоделско земјиште
- Модернизација на силоси
Инвестиции за реструктуирање на земјоделски стопанства (Мерка 126)
- Поддршка за стопанства со 100–300 овци или 5–10 крави
- Купување земјоделско земјиште
- Изградба и реконструкција на објекти
- Набавка на механизација и советодавни услуги
Економско здружување на земјоделски стопанства (Мерка 131)
- Формирање земјоделски задруги
- Поддршка за функционирање на задруги
- Поддршка за заеднички настап на пазар
Помош за зачувување на рурални предели и традиционално сточарство (Мерка 213)
- Надомест за чување и напасување добиток
- Поддршка за сточари во планински подрачја
Помош за заштита и унапредување на животната средина (Мерка 214)
- Зачувување автохтони раси
- Зачувување генетска разновидност
- Поддршка за одржливо производство
Техничка поддршка
- Организирање саеми и промотивни настани
- Учество на меѓународни натпревари
- Маркетинг поддршка за земјоделски производи
- Локални акциски групи (ЛАГ)
Кој може да аплицира?
- Индивидуални земјоделци
- Семејни земјоделски стопанства
- Земјоделски задруги
- Правни лица од областа на земјоделството
- Јавни претпријатија и институции (за инфраструктурни мерки)
Вид на поддршка
- Неповратни грантови
- Капитални субвенции
- Авансна исплата до 40% (кај одредени мерки)
- Поддршка до 50–70% од прифатливите трошоци
Важно
Аплицирањето се врши преку јавни повици што ќе ги објавува Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во текот на 2026 година.
Ги повикуваме сите земјоделски производители навремено да се информираат и да ги искористат можностите што ги нуди Програмата за рурален развој 2026.
Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој може да ја преземете ТУКА.
За дополнителни информации и стручна помош при аплицирање, обратете се во Советодавна на контакт формата kontakt@sovetodavna.mk или на тел. 072/251-263.





